вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Уапсени повеќе лица во Скопје, меѓу нив и Турчин

Уапсени повеќе лица во Скопје, меѓу нив и Турчин

На 10.09.2023 во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 10.09.2023 во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(20) од Дебар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 10.09.2023 во 11.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Б.(46) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 10.09.2023 во 16.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 10.09.2023 во 15.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода О.Г.(21) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ поради сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.