вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

В.д градоначалникот Константин Георгиески води предизборна кампања, нови 40 партиски вработувања кои ќе ја чинат општината над 6 милиони денари

В.д градоначалникот Константин Георгиески води предизборна кампања, нови 40 партиски вработувања кои ќе ја чинат општината над 6 милиони денари

За веде градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески очигледно во преден план е предизборната кампања наместо решавање на огромниот број проблеми на граѓаните на Охрид.

Како точка на дневен на седницата на Советот на општината на предлог на градоначалникот Георгиески е Предлог – одлуката за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид за 2019 година.

Според годишниот план за вработување на ЈП „Охридски комуналец“ се предлагаат нови 40 вработувања од кои 16 унапредувања.

Според бројките општината на чело во Георгиески пред изборите сака да вработи нови 40 лица од кои 22 Македонци, 2 Албанци, 2 Турци и 14 други.

Пресметано во бројки за работното место одржувач на паркови и зеленило потребни се нови 265.613,00 денари, за општ комунален работник во паркови и зеленило нови 261.627,00 денари, за општ комунален работник нови 249.491,00 денари, за метач 237.455,00 денари, за самостоен референт-оператор, 296.103,00 денари, општ комунален работник 263.653,00 денари, референт за осигурување ќе се потрошат нови 280.758,00 денари, додека за портир 286.893,00 денари.

Градоначалникот пред изборите нема намера да штеди и во делот на односите со јавноста каде се планираат за нови вработувања на местото референт за односи со јавноста да се потрошат нови 87.284,00 денари.

Ќе се трошат пари и за референтот бо набавка за кого е одвоено 287.284,00 денари, за расадничар 207.969,00 денари, за општ комунален работник во расадник со производство 234.831,00 денари, за ракувач на градежна машина 246.192,00 денари, возач за специјално тешко возило 283.632,00 денари, возач на товарно возило- Кипер, 271.716,00 денари, за возач на лесно моторно возило до 3, 5 тони општината ќе потроши 247.368,00 денари, возач на цистерна 258.456,00 денари, за управувач на градежна машина 277.848,00 денари, за автомеханичар 294.114,00 денари.

Пари пред изборите ќе се трошат и за возач на директорот за кого се предвидени нови 234.486,00 денари.

За хидрауличар рекордни 304.070,00 денари, столар 315.147,00 денари, подмачкувач 235.007,00 денари, за помошник возач на специјално возило-пајак ќе се потрошат 232.920,00 денари и за шинтер 243.435,00 денари.

Додека општина Охрид нема пари за улично осветлување и никако да се справи со снегот оставајќи го градот неисчистен и заструпан со снег, се планираат нови вработувања.

Овие партиски вработувања ќе ја чинат општината 6.603.344 денари на годишно ниво.

Според овие бројки се гледа сериозноста на Георгиески околу раководењето со Општината за која не требаше неколку недели од назначувањето да се забележи.

Според ова јасна е намерата- приоритет се партиските врабтувања како никогаш досега пред локалните избори, додека решавањето на проблемите за охриѓани ќе почека подобри времиња.

Инаку претходно ВМРО-ДПМНЕ Охрид предупреди за катастрофалната состојба со зимското одржавање и отстранување на снегот во градот, додека Георгиески не сака да се зафати за работа.

Катастрофална е состојбата со зимското одржување во Охрид и отстранувањето на снегот. Градоначалничката функција не е пи-ар и маркетиншка агенција, па в.д градоначалникот Констатнтин Георгиески добро ќе беше чајот да го испие и со граѓаните кои беа оставени сами на себе да се справуваат со снегот, ова преку соопштение го потенцираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

-Наместо свесно извршување од сметката на општината со цел враќање стари долгови, требаше се набави нова и современа механизација, а не директорите на јавните претпријатија да набавуваат стари некорисни возила со сомнителни технички спецификации. Георгиески и покрај информациите, откако Охрид беше затрупан со снег, одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб и директорите на јавните претпријатија. Патиштата и улиците во населбите Радојца Новичиќ, Кошишта, Видобишта останаа нерасчистени и тешко проодни, а Стариот дел на градот и поодалечените места беа блокирани и отсечени. Дури и Центарот на градот и градскот плоштад беа затрупани во снег, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Тие прашуваат како луѓето со здравствени проблеми навремено да стигнат да примат лекарска помош?

-Синоќа улицата до Кардиолошкиот центар беше целосно отсечена. Да не размислуваме доколку некој има потреба од Итна медицинска помош, тогаш веќе ќе биде касно од секакви реакции. Ќе преземете ли одговорност затоа што граѓаните на Охрид свесно ги ставате во голем ризик? Дури денес започнавте да расчистувате во Стар град и ненаселените места. Ова е срамно и скандалозно снегот во јануари да Ве изненади. Охриѓани на дело ја видоа нестручноста и неажурноста на СДСМ и Георгиески преку задоцнетата реакција откако оставија да заврне снег. Хаосот во Охрид е доказ за тоа. Наместо водење предизборна капмања и расипничко трошење на парите на граѓаните, Георгиески треба да се зафати со работа во корист на граѓаните, стои во соопштението на партијата.

Инаку локалните избори за нов градоначалник во Охрид треба да се одржат најдоцна до мај годинава.