среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Василис Кикиљас порача туристите да ги почитуваат правилата

Василис Кикиљас порача туристите да ги почитуваат правилата

Туристите да ги почитуваат правилата и здравствените протоколи исто како што тоа го сторија Грците, побара министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас за време на неговата посета на Крит.

-Како што внимаваа моите сограѓани и ги почитуваа мерките, создадоа таква култура што земјата успеа и стана пример, не би сакал сега да го расипеме тоа и барам, истото да го сторат и нашите туристи.

Да ја почитуваат нашата земја, рече Кикиљас додавајќи дека треба да се почитуваат здравствените протоколи за да нема голем број случаи на Ковид-19. (МИА)