среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

100 нови случаи на коронавирус во изминатото деноноќие во Скопје, еве во кои други градови имаше новозаболени со Ковид-19

100 нови случаи на коронавирус во изминатото деноноќие во Скопје, еве во кои други градови имаше новозаболени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на ковид-19 во: Скопје- 100, Куманово-11, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-19, Струга-2, Велес-6, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Кочани-3, Кратово-1, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти од: Скопје-10, Штип-3, Тетово-10, Велес-1, Битола-1 и Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4820, бројката на оздравени пациенти е 1863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2343, активни 1593
• Куманово 679, активни 230
• Дебар 63, активни 11
• Штип 260, активни 208
• Прилеп 230, активни 17
• Тетово 500, активни 304
• Струга 149, активни 70
• Велес 162, активни 34
• Битола 38, активни 9
• Охрид 91, активни 72
• Кавадарци 9, активни 4
• Гостивар 79, активни 53
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 59, активни 26
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 5, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 3
• Свети Николе 12, активни 10
• Кичево 5, активни 2
• Ресен 48, активни 47
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), информираа од Министерството за здраство.

Најнови вести