Како што наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на Договорот од Преспа, истакнува денес екс-премиерот Зоран Заев на својата прес-конференција.
Тој цитираше дел од изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како и од членови на партијата, кои зборуваа за поништување на овој договор, кој го сметаат за штетен за Република Македонија.
-Неодамна, во октомври 2019 година, Христијан Мицкоски за српски медиуми укажа дека ако имаат 2/3 мнозинство, ќе се отворела можноста за чекор назад по однос на договорот, а за македонските медиуми рече дека ќе го укинеле догворот од Преспа. Советничката на Мицкоски, Каракамишева отворено побара да се укинат амандманите во Уставот, истакна Заев.
Екс-премиерот се плашел дека изјавите на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Грција можела да ги сфати како провокации.
-ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија. Денес таа е вградена во највисоките институции во државата. Гледате дека имаме министри кои не го употребуваат уставното име на државата. Ова е формализација. Значи , јас немам предрасуди. Нивните ставови се такви, тие не го почитуваат Уставот, но не смееме да дозволиме државата да не го почитува Уставот. Како може да очекуваме некој дома да го почитува законот и уставот кога владејачката партија преку своите министри или заменици министри, дополнителни министри, не го почитуваат законот и уставот, истакна Заев.
Но, лидерот на СДСМ заборави дека за овој Договор се изјаснија и граѓаните. Прво, со бојкот му ја срушија идејата да се вади на резултати од референдум.
Но, сепак, на анкета си го кажаа ставот. 65% од народот е против овој договор, па ова треба да е за Заев многу позагрижувачко отколку најавите на политичарите.
-Шеесет и пет отсто од македонските граѓани сметаат дека Македонија не треба да го промени името за да влезе во НАТО, покажа анкетата на институтот за демократија „Социетас Цивилис” спроведена на барање на Министерството за одбрана. Од испитаниците кои негативно се изјасниле за промена на името за сметка на влез во НАТО, 84 отсто се Македонци, 7,1 отсто Албанци и 8,9 отсто од другите заедници.