четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

700 пресуди против мечки, Македонија треба да плати 3 милиони евра

700 пресуди против мечки, Македонија треба да плати 3 милиони евра

Македонските судови донеле околу 700 пресуди последниве 5 години, со кои ја задолжиле Република Македонија да плати над 3 милиони евра, штета направена од мечки.

Мечките јаделе: пчели, мед, цреши, крави, овци, уништиле земјоделски производи. Бидејќи се животни под трајна заштита на државата и не смеат да се ловат, за секоја штета што тие ќе ја направат, одговара Република Македонија.

Истражувањето на БИРН покажа дека само последниве 5 години, од 2013 до 2017 година, со тужби за отштета поднесени од граѓани мечките „изеле“ над 3 милиони евра од Буџетот, а таа сума секоја година се зголемува.

Пописот на мечки во Македонија се прави еднаш на 10 години. Според последниот од 2010, кој е важечки до 2020 година, во Македонија има помеѓу 371 и 381 мечка, не броејќи ги тогашните млади мечиња, кои не наполниле две години.

Всушност, тужбите против мечките заштитени од државата се претворија во лукративен бизнис, за што говорат лица од Министерството за земјоделство кои биле членови на Комисиите за проценка на штета.

„Ќе се јавеа во Подрачната единица на Министерството за земјоделство со тврдење дека мечката изела крава. Кога ќе отидевме на лице место, навистина имаше скелет од животно, но никој никогаш не беше сигурен дали животното било нападнато од мечка или од волк, кучиња, или угинало само. Комисијата составуваше записник за угинато животно, а подоцна со вештак, кој правеше вештачење врз основа на нашиот записник и тврдењето на сопственикот, на суд добиваа пресуди дека штетата ја направила мечка, раскажува член на локална Комисија од Министерството за земјоделство.

Најнови вести