понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Адвокат Јошевска Анастасовска: Ова не е триумф, Заев прави упад во судската власт, ова е пораз на демократијата

Адвокат Јошевска Анастасовска: Ова не е триумф, Заев прави упад во судската власт, ова е пораз на демократијата

Во вечерашното издание на „Топ Тема“ на Телма телевизија, гостуваше адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска која за скандалот со бегството на Сашо Мијалков истакна дека премиерот Зоран Заев со тоа што кажал на прес конференцијата дека ги координира судските служби прави упад во судската власт тоа не е триумф како што го нарекува тој, туку пораз на демократијата.

-Триумф ќе го наречеме ако сметаме дека Заев или премиерот на државата треба во Влада да координира институции кои по закон треба да бидат искоординирани, со оглед на тоа што тоа е законска определба, доколку премиерот ги координира овие служби и службите од јавното обвинителство и од судот, прави упад во власта, тоа не можеме да го наречеме триумф, туку тоа можеме да го наречеме само пораз на демократијата, вели адвокатката.

Таа вели дека тој упад е пораз на основното начело на демократијата а тоа владеење на правото, а овие два дена се доказ како владеењето на правото може да биде прекршено по повеќе основи.

Најнови вести