четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Средба Мицкоски – Ахмети во Собрание на тема гласање недоверба на Владата

Средба Мицкоски – Ахмети во Собрание на тема гласање недоверба на Владата

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, денеска оствариле средба во Собранието. Како што брифираат извори од ВМРО-ДПМНЕ, полчасовната средба се одржала на барање на Ахмети.

Тема на разговор било прашањето околу четврточното гласање за доверба на Владата на СДСМ/ДУИ, за што до собранието беше поднесена иницијатива потпишана од 61 пратеник.

Претходно Ахмети во Собрание се сретна и со Заев.

Инаку од ВМРО-ДПМНЕ ја демантираат изјавата на Изет Меџити дадена на телевизија Клан вечерва и велат дека ништо од она што го соопшти тој не е вистина.

„Вистина е дека на барање на Ахмети во собранието се одржа средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тема на разговор беше прашањето за гласање на доверба на владата на СДСМ –ДУИ за што до собранието се поднесени 61 потпис“, велат од партијата.

Најнови вести