петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Акција во затворот во Штип, еве што е пронајдено

Акција во затворот во Штип, еве што е пронајдено

Министерството за правда и МВР информираат дека денеска била спроведена акција во штипскиот затвор во период од 6 до 9 часот, а  организирана од Управата за извршување на санкции, МВР и ЈО.

При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, 5 ножеви, 5 штрафцигери и 23 500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи.

Според МВР, извршени се претреси во 11 ќелии во различни одделенија во КПД Штип кај 39 осудени лица кои се на издржување казна затвор. При претресите се пронајдени и одземени: грутчеста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја, мобилни телефони, поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат, ножеви и повеќе други остри предмети, метални шипки и други тврди предмети.

-Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба, ќе сноси одговорност. Никоја нема да биде поштеден од одговорност.Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави, велат од Министерството за правда.

Акцијата во КПД Штип е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период.

Најнови вести