четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Албанија го преиспитува криминалот со стерилизацијата, во Македонија истиот модел влегува на голема врата

Албанија го преиспитува криминалот со стерилизацијата, во Македонија истиот модел влегува на голема врата

Балкан Веб: Поради виисоката фактура, владата ја ревидира концесијата за стерилизација

После години од потпишувањето на јавно-приватно партнерство, Министерството за здравство одлучи да ја ревидира концесијата за стерилизација на хируршки инструменти.

„News24″ и „BalkanWeb“ го обезбедија налогот издаден од страна на министерството за формирање на работна група за ревидирање на анексот 4, кој е во врска со хируршки сетови и нивните трошоци.

Изворите за „News24″ и „BalkanWeb” велат дека причината за ова се високите трошоци за стерилизација во последната година кои видно ги надминуваат проекциите на владата.

-Но што е напишано во анексот четири за стерилизација на хируршкиот инструментариум, и зошто владата одлучи да ги промени термините содржани во овој анекс? Во договорот потпишан во декември 2015 година помеѓу Министерството за здравство и добитничката компанија, конзорциумот „Сани Сервис“јасно ги дефинира финансиските вредности за секој хируршки сет.Значи, сетот со потребните сретства за комплицирани операции, државниот буџет го кошта 37.700 леки. Сетовите со сретства за средно сложени операции чинат 22.300 леки, а оние за периферни операции чинат 13.900 леки, анализира „BalkanWeb“.

Монетарните вредности се појавија после физибилити студијата спроведена од страна на Министерството за здравство во 2013-та година која дојде до заклучок дека целата финансиска фактура за концесијата за стерилизација не ја надминува шифрата од 9,6 милијарди леки за наредните 10 години.

-Но, предвидувањата на владата се чини дека потфрлиле уште во третата година поради значителното зголемување на фактурата за стерилизација минатата година, која што не е објавена, но на големо се зборува помеѓу хирурзите дека е многу повисока од предвиденото. Ова се потврдува и со фактот дека министерството под итно  формираше работна група која од 25-ти февруари 2019 со доктори специјалисти од три терциерни болници во земјата од која се бара  преразгледување  на хируршките сетови со цел да се намали бројот на хируршки средства во секој сет а со тоа финансиските трошоци. Значи со едноставни зборови, се бара намалување на цената на сетот со намалување на бројот на стерилизирани инструменти и можноста за создавање на нови хируршки сетови со помалку инструменти, објавува порталот.

Некои извори за овие портали велат дека проблемот започнува уште во генезата, за време на физибилити студијата кога и се направени погрешно пресметките на концесиските термини. Според нив, во многу операции, некои од средствата не наоѓаат во употреба, а предизвикуваат неоправдани трошоци, или поточно кажано, непотребно се плаќа на концесионерот.

Самите лекари велат дека позади камерата во одредени  операции се бара отворање на два или повеќе хируршки сетови за истата група на хируршки инструменти, кои би требало да бидат вово само еден сет, врз основа на типологијата на операцијата и степенот на сложеност.

Или за мала рана докторот треба да отвори сет со 20 инструменти, иако периферна интервенција потребни се 3 или 4 такви. Покрај стерилните хируршки сетови, концесионерскиот договорот предвидува дека компанијата да понуди и медицински материјали за една употреба или дезинфекција на хируршките сали. Но, добиената вредност од овие услуги и понатаму останува непозната, како и вкупната фактура која досега му се плаќала на концесионерот.

Договорот за концесија за стерилизација на хируршка опрема 

Постои максимална цена, а ова откако договорот ППП подготвен и потпишан од страна на поранешниот министер за здравство, Илир Беќај одредува финансирање концесионерот врз основа на бројот сетови кој се бара во хируршките сали во петте болници во Тирана и во регионалните болници. Така што, колку  повеќе хируршки сетови се користат, толку повеќе се зголемува фактурата.

Концесиската компанија “Sani Service” се состои од спојување на компаниите Investital , Servizi Italia S.p.a, U.Jet S.r.l и Tecnosanimed. Најголемо учество со 40% од акциите sе во сопственост на Investital Llc – мала компанија со капитал од илјада евра регистрирана во Косово од страна на Илир Рапај.

Во претходната истрага, БИРН откри дека Рапај се врати во Албанија по изборите од 2013-та година. Во меѓувреме, останатите акции на концесионерот се делат на 15%  Servizi Italia, 15% Tecnosanimed и 15% U. Jet Srl.

Концесијата е склучена за рок од 10 години со предвидена почетна вредност од 9,6 милијарди леки која уште во третата година ги надмина сите предвидувања на владата.

Стерилизација на медицинската опрема

Стерилизацијата на медицинската опрема чини 71 милиони евра без ДДВ за следните 10 години. Ова е најголемата концесија дадена од Министерството за здравство.

Минатата година, Reporter.al објави истрага за процедурите на конзорциумот добитник на оваа концесија Investal llc,  Servizi Italia spa, U.Jet srl и Tecnosanimed.

Investital, која е главна компанија, е регистрирана во Косово со сопственик бизнисменот Илир Рапај. Ррапај нема никакво искуство во областа на медицинските услуги; неговата компанија во Италија – во областа на “занаетчиството” – има само еден вработен и мал капитал.

По доаѓањето на власт на Социјалистичката Партија во 2013 година, Рапај се врати во Албанија и изгради блиски односи со министерот Беќај. Тој го запозна него и со неговите италијански партнери. Рапај учествуваше во една владина активност во ноември 2013 година, а за возврат, министерот Беќај во декември 2013 година отпатува за Перуџа, каде што повторно се сретнаа. Министерот Беќај и уште неколку пати патуваше за во Перуџа и потпиша неколку договори со локалните институции, секако во присуство на господинот Ррапај.

Во декември 2013 година, албанското Министерство за здравство и Универзитетот во Болоња потпишаа меморандум за соработка во кој се спомнуваше и соработка со групата на италијански компании, Polo Biomedical Umbria. Трите компании што го добија тендерот за стерилизација, Servizi Italia, U.Jet, и Tecnosanimed се дел од оваа медицинска група.

Тендерските постапки беа отворени на 4-ти мај 2015 година и беа силно напаѓани. Освен конзорциумот предводен од компанијата Investal, во сопственост на г.Ррапај, на тендерот учествуваше  уште еден италијанско-албански конзорциум. Тој беше предводен од компанијата Action Laundry, основана во Драч, која понуди 25%  пониска понуда од конзорциумот Investital. И покрај големата разлика во понудите, Investital победи 73,89 поени против компанијата Action Laundry со 42,83 поени.

Запрашани од страна на БИРН,  за разликата помеѓу двете понуди, од Министерството за здравство одговорија дека вредноста од 1 милијарда леки годишно која се појави во медиумите е “тотално невистинита” и лага која е измислена од конкурентните компании, вештачки зголемувајќи го бројот на хируршки интервенции. И покрај тврдењето на Министерството, буџетот за концесија за 2017 година изнесува 9,1 милиони евра годишно. Со спојувањето на компаниите Investal се создаде нова компанија наречена Saniservice shpk , која менаџира со концесијата.Господинот Рапај поседува 40% од новата компанија (иако нема искуство во здравствената сфера). Додека Servizi Italia има 30%, Tecnosanimed 15% и U.Jet 15 проценти.

Во Македонија истиот криминал влегува на голема врата

После одредено време од потпишувањето на јавно-приватно партнерство за стерилизацијата, министерството за здравство на Албанија одлучи да ја ревидира концесијата за стерилизација на хируршки инструменти, јавуваат медиумите во Албанија.

Токму истата фирма, поточно две фирми зад кои стои исто лице се појавија на отворањето на понудите за тендерот за стерилизација и во Македонија. Оттука се поставува прашањето дали е на повидок уште нов криминал во здравството во Македонија?

Што пишуваат медиумите во Албанија во врска со фирмата која го доби тендерот таму, а очигледно истата ќе го добие и во Македонија?

Албанските медиуми објавија дека го имаат и налогот издаден од страна на министерството за формирање на работна група за ревидирање на договорот со фирмата.

-Изворите велат дека причината за ова се високите трошоци за стерилизација во последната година кои видно ги надминуваат проекциите на владата. Но, што е напишано во анексот четири за стерилизација на хируршките инструменти, сали и зошто владата одлучи да ги промени термините содржани во овој анекс? Во договорот потпишан во декември 2015 година помеѓу министерството за здравство и компанијата, конзорциумот „Сани Сервис“ јасно ги дефинирацените за секој хируршки сет, пишуваат медиумите.

Медиумите во Албанија јавуваат дека предвидувањата на владата во врска со цените се чини дека потфрлиле уште во третата година поради значителното зголемување на цената за стерилизација минатата година, која што не е објавена, но на големо се зборува помеѓу хирурзите дека е многу повисока од предвиденото.

-Ова се потврдува и со фактот дека министерството итно  формираше работна група која од 25 февруари 2019 со доктори специјалисти од три болници во земјата од која се бара  повторно разгледување на цените нахируршките сетови со цел да се намали бројот на хируршки средства за секој сет, а со тоа ифинансиските трошоци, пишуваат медиумите.

Едноставно, се бара намалување на цената на сетот со намалување на бројот на стерилизирани инструменти и можноста за создавање на нови хируршки сетови со помалку инструменти.

Некои извори за Вести24 и БалканВеб велат дека проблемот започнува во стартот, за време на физибилити студијата кога и се направени погрешни пресметки на концесиските термини. Според нив, во многу операции, некои од средствата не се употребуваат, а предизвикуваат неоправдани трошоци, или непотребно се плаќа на концесионерот.

Кои се фирмите?

Концесиската компанија „Sani Service” се состои од неколку компании Investital, Servizi Italia и Tecnosanimed. Најголемо учество со 40% од акциите sе во сопственост на Investital, мала компанија со капитал од илјада евра регистрирана во Косово од страна на Илир Рапај. Претходно,БИРН откри дека Рапај се врати во Албанија по изборите од 2013-та година. Во меѓувреме, останатите акции на концесионерот се делат на 15 проценти Servizi Italia, 15 проценти  на Tecnosanimed и сл. Концесијата е склучена за рок од 10 години, а уште во третата година ги надмина сите предвидувања на Владата во Тирана.

Најнови вести