сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Албанија, Италија, Хрватска и Франција тргнаа во лов на криминалците кои добиле македонски пасоши

Албанија, Италија, Хрватска и Франција тргнаа во лов на криминалците кои добиле македонски пасоши

На 11 септември 2019 година, Ален Буниќ, најбараниот хрватски криминалец за трговија со дрога, во 10.53 часот пристигнал во управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи, поднел барање за пасош, бил фотографиран и оставил отпечаток на прст, и истиот ден во 17.12 часот си го земал македонскиот пасош со украден идентитет на Атанас Костадинов Витанов. За Буниќ уште во 2008 година канцелариите на Интерпол Италија и на Перу распишале потерници, пишува МКД.мк.

Ален Буниќ е познат на хрватските правосудни органи како ограбувач на на банки. Во 2008 година тој од италијанските карабињери бил фатен со 16 килограми хашиш. Осомничен е и за вооружени грабежи на златари и специјализирани продавници за скапоцени камења и часовници. Од 2008 година е во бегство, а македонскиот пасош со украден идентитет на име Атанас Костадинов Витанов е откриен на 2 март 2021 година.

Буниќ по 2008 година заминува за Лима, Пeру, каде се приклучува на колумбијскиот картел предводен од Хуан Камило Муноз Родригуез и од Фабијан Флорес салицио, со прекар Карачула. Овој наркокартел главно се занимаваше со пренос на кокаин со авиони за европскиот пазар.

Повеќе прочитајте ТУКА

Најнови вести