среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Алфа“: Дел од училиштата претесни за настава поради зголемен број ученици, од директорите молк

„Алфа“: Дел од училиштата претесни за настава поради зголемен број ученици, од директорите молк

Како сардини во конзерва, така дечињата од основното училиште „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ од Скопје ја следат наставата, се пожалија родителите. Дел од нив пред камерата на Алфа велат дека нивните деца немале никакви услови за учење, зашто од една – се правеле две училници и тоа преградени со гипс картон, без никаква изолација. За проблемот ги известиле надлежните, но до сега немале никаков одговор, пренесува телевизијата.

„Алфа“ беше и во двете училишта кои се водат под исто име.

-Прво се обративме во главното каде е сместен персоналот, а потоа и во подрачното, каде нема услови за работа. Не бевме добредојдени на двете места. И додека директорката веќе неколку недели бега од нашата камера, јавноста очекува одговор, кој барем за сега го нема. Ниту директорката, ниту педагогот, ниту пак некој од училиштето не сакаше да каже ништо околу низата натрупани проблеми кои родителите ги мачат веќе извесен период. Побаравме одговор и од подрачното училиште, но таму не стигнавме ни до вратата. И додека децата немаат нормални услови за следење на наставата, родителите чекаат одговори од надлежните, кои им ветиле дека ќе се потрудат да најдат соодветно решение. Се надеваат дека ќе им се слушне гласот и дека во една училница повеќе нема да учат по околу 40 деца а некаде и повеќе деца кои немаат ни доволно место за седење, а уште помалку за учење, анализира „Алфа“.

Инаку во ова училиште скоро секоја година се зголемува бројот првоооделнци. Дали ќе има доградба на уште некоја училница, за сега никој не кажува ништо.

-Но проблемот не е само со ова училиште, туку многу поширок. Имено, проблем има и во основни училишта каде што родители иако не живеат на локалните улици – околу образовните установи, се обидуваат преку приватни конекции во општините и на други нивоа, сепак да ги запишат своите деца. Ќе ја реши ли некој пренатрупаноста?

 

Најнови вести