среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Алијанса и Алтернатива: Обвинителите на ДУИ во одбрана на криминалот на функционерите на ДУИ!

Алијанса и Алтернатива: Обвинителите на ДУИ во одбрана на криминалот на функционерите на ДУИ!

Нашите судови и обвинителства продолжуваат да бидат партизирани и исполитизирани, дури и во служба на политички функционери, штитејќи ги наместо да ги обвинуваат за кршење на законот. Таков е случајот со вишите обвинители Мустафа Хајрулаи и Дилавер Бектеши од Апелациониот суд во Скопје за функционерите на ДУИ, Ејуп Халими и Исмет Гури, кои бараат да се уважи нивната жалба, да им се тргнат затворските казни и случајот со фалсификување на изборните резултати да се врати на повторно судење, реагираат од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

-Ова е уште еден скандал и доказ што ги потврдува нашите тврдења дека претседатели на судови, виши обвинители инсталирани од ДУИ, членови на судскиот и обвинителскиот совет, продолжуваат да ги штитат функционерите на ДУИ вклучени во криминал и корупција. Токму тоа е причината што досега ниту еден сегашен или поранешен функционер на ДУИ не одговарал. Овие обвинители и судии избрани и именувани од ДУИ, никогаш не го кренаа својот глас против политички монтираните судски процеси против Албанците и никогаш не ги бранеа нив како што ги бранат функционерите на ДУИ. Тоа се судии и обвинители на ДУИ, исти како оние блиски сега до СДСМ а порано до ВМРО, што го држат во заложништво системот на правдата и ги спречуваат реформите во правосудниот систем, се наведува во нивното соопштение.

Алијансата за Албанците и Алтернатива го повторуваат ставот дека обврската за редефинирање на правниот систем е најургентно прашање во нашата земја.

-Ние како коалиција испративме писмо до министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ за да испратат мисија на ЕУ, која ќе го реформира правосудниот систем и која ќе се занимава одделно со политички монтирани случаи, за кои сметаме дека се неопходни за перспективата на  Македонија. Затоа, ја користиме оваа прилика да и се обратиме на меѓународната заедница во нашата земја, сериозно да го сфати нашето барање и да ни помогне во реформата на судството. Во спротивно, Македонија се лизга кон моделот на Белорусија и земјите каде поимот правда нема никаква врска со правичноста, велат од коалицијата.

Најнови вести