понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Алијанса за Албанците: ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување и кампања

Алијанса за Албанците: ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување и кампања

Практиката за предизборни вработување стана навика на политичките партии, кои ја искористуваат власта до последниот ден за купување гласови, реагираат од Алијанса за Албанците.

-Алијанса за Албанците остро реагира на злоупотребата на работната сила и ги повикуваме надлежните органи, имено Антикорупциската комисија, да преземат конкретни мерки за да се спречи оваа појава. Властите не треба да молчат во такви случаи кога законот е отворено прекршен. Оваа практика и штети на слободните и демократски избори, а пред сè им штети на самите граѓани кои стануваат игра на власта. Граѓаните не треба да им веруваат на ваквите вработувања и да го продаваат својот глас за работа. Вработувањето е нивно право што никој не може да го негира, па затоа не смее истата да биде основа за нивната политичка определба. Алијанса за Албанците ќе се обиде да го спречи овој феномен со сите нејзини сили, затоа што народот е тој што треба да ја држи власта на раце, а не обратно, се наведува во партиското соопштение.

Алијансата за Албанците порачува дека Владата не смее да ги држи луѓето во свои раце.

 

Најнови вести