четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Амбасадата на САД без конкретни детали за евентуалната содржина на црната листа

Амбасадата на САД без конкретни детали за евентуалната содржина на црната листа

Проблемот со корупцијата е на масата на континуирани разговори меѓу САД и Македонија. Ваков одговор, за тв 24, денеска испрати американската амбасада во Скопје. На прашањата – Кога ќе биде објавена црната листа за санкции, кои македонски политичари ќе се најдат на неа и што покажа скенот за корупција на тимот истражители од Вашингтон, од амбасадата велат…

Амбасада на САД во Македонија – Соединетите Американски Држави се во континуирани разговори со Северна Македонија за овој проблем.

Ќе ја прифатиме црната листа како таква, вели премиерот Ковачевски. Немал сознанија за содржината и за тајмнигот на објавување, а оваа тема не ја отвориле ниту со советникот на Стејт Департментот Шоле, ниту со американската амбасадорка Агелер. Сепак, Ковачевски има намера да ја прифати црната листа , без оглед – кои имиња ќе се појават на неа.

И додека САД испраќа пораки за корупцијата, а во земјата овие месеци се редеа судски афери, Македонија го затвори првиот кластер- фундаментални вредности од билатералниот скрининг во Брисел. Токму во тој кластер се наоѓа и поглавјето 23 – правосудство, за кој вицепремиерот Маричиќ вели дека бил еден од поуспешните скрининзи и очекува позитивен извештај во следните месеци од ЕК.

Бојан Маричиќ вицепремир за европски прашања – Воопшто немаше дискусија за ниту еден скандал, но имаше длабински прашања за функционирањето на институциите, за резултатите во политиките коишто сами сме ги декларирале. И во однос на борба против корупцијата и организираниот криминал и во однос на заштита на правата на малцинствата и заедниците, но и за функционирањето на правосудството.

За време на скринингот на кластерот – Евопската Комисија, американската амбасада, француската амбасада, чешката амбасада и амбасадата на Шведска, земјата која во моментот претседава со ЕУ, за телевизија 24 испратија скоро идентитчна порака , а тоа е дека под лупа се следи состојбата со македонското правосудство и дека борбата против корупцијата мора да биде во фокус, ако Македија сака да чекори кон европскиот пат.

Најнови вести