сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анализа: Со новата методологија за проширување, шансите за Македонија во ЕУ се уште полоши

Поранешниот амбасадор и одличен познавач на надворешната политика, Ристо Никовски во изјава за Курир вели дека со ваква методологија од Унијата, шансите на Македонија за членство се никакви. Никовски посочува дека со ова се отвора патот на Бугарија и Грција, уште полесно да стават вето и да ги блокираат евентуалните преговарачки процеси на Македонија. Од друга страна, предизборно обоениот, оптимистички вокабулар на Димитров најверојатно се должи на розовата слика која е принуден да ја шири, толкуваат познавачите за Курир. За потсетување, Димитров, Заев, Османи и Анѓушев уште пред две години се фалеа со датум за Македонија. Токму Димитров, веројатно од возбуда, пишувајќи на ФБ, измисли и нов збор  -„ДИНАМИЗАМ“. Ваквите кованици познати како Заевизми, се карактеристични за неговиот довчерашен шеф на владата Зоран Заев, кој постојано дава свој неизмерен придонес во збогатувањето на македонскиот јазик. Така, за потсетување, според Заев, Уставот треба да се АМАНДМАНИРА,  а настаните се ГРОМОЗОРНИ....
Анализа: Со новата методологија за проширување, шансите за Македонија во ЕУ се уште полоши

Државите кандидати за членство во ЕУ во иднина ќе преговараат за членство преку шест кластери во кои ќе бидат распоредени досегашните 32 поглавја.

Новата методологија, освен заострен процес и вметнување на администрацијата како услов во преговорите, им овозможува на земјите членки на Унијата целосно да ги сопрат преговорите и да ги вратат на почеток, што Македонија ја става во неповолна ситуација.

Поранешниот амбасадор и одличен познавач на надворешната политика, Ристо Никовски во изјава за Курир вели дека со ваква методологија од Унијата, шансите на Македонија за членство се никакви. Никовски посочува дека со ова се отвора патот на Бугарија и Грција, уште полесно да стават вето и да ги блокираат евентуалните преговарачки процеси на Македонија.

-Во новата методологија клучен за Македонија е фактот дека земјите членки имаат нагласено право на вето, блокирање и слично. Тоа заличува како да е целата методологија правена за нас, да може да се спречи членството на нашата земја во Унијата. Веќе сите знаеме дека Бугарија објави повеќе од 20 услови (уцени) за нашето членство во Унијата и тоа се донесени на ниво на држава што значи дека се крајно обврзувачки и ако тоа остане, а останува шансите за Македонија да еден ден стане членка на Унијата се никакви. Од друга страна и Грција најавува дека ќе направи се’ да го поправи лошиот преспански договор што се сведува на исто. Од две страни ќе бидеме сардисани и се заедно, гледајќи ја само Македонија, нашиот пат кон Брисел не е само полн со трње, туку практично е и невозможен. Од друга страна мора да се додаде и фактот дека Макрон рече дека нема проширување пред реформите на Унијата, а тоа значи долг период. Се’ заедно значи дека новата методологија е за Македонија погубна, вели Никовски за Курир.

И додека многумина укажуваат дека промените во ЕУ процесот за проширување се погубни за евроинтеграциите на Македонија, меѓу нив и провладини експерти, на страна неутралните европски аналитичари, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров е контра познавачите. Димитров ни во ситуација кога е повеќе од јасно дека процесот се заострува на сметка на Македонија и на останатите кандидати (освен Србија и Црна Гора кои ќе преговараат според стариот модел) не го напушта нереалниот оптимизам.

Ги поздравуваме напорите на ЕК за подобрување на пристапниот процес. Новата методологија придонесува за зајакната политичка димензија, но исто така и за повеќе динамизам, предвидливост и кредибилитет на процесот. Веруваме дека овој обновен пристап ќе резултира со двојна победа во наредните недели: отворање на преговорите во рамките на усовршен пристапен процес,“ напиша Димитров на Фејсбук, по објавената нова методологија за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Освен тоа, Димитров, веројатно од возбуда, пишувајќи на ФБ можеби и нешто во што не верува, измисли и нов збор  –„ДИНАМИЗАМ“. Ваквите кованици познати како Заевизми, се карактеристични за неговиот довчерашен шеф на владата Зоран Заев, кој постојано дава свој неизмерен придонес во збогатувањето на македонскиот јазик. Така, за потсетување, според Заев, Уставот треба да се АМАНДМАНИРА,  а настаните се ГРОМОЗОРНИ….

Од друга страна, предизборно обоениот, оптимистички вокабулар на Димитров се должи на розовата слика која е принуден да ја шири, толкуваат познавачите за Курир. За потсетување, Димитров, Заев, Османи и Анѓушев уште пред две години се фалеа со датум за Македонија.

Препознатливата слика на наведените функционери со честитиките од владиниот авион во колективната меморија на Македонецот останува како еден од најтешките гафови и најпозната, досега ненадмината лажна вест во македонската дипломатија.

На два месеци пред избори и со анкети кои дефинитивно не кореспондираат со желбите на актуелната владејачка гарнитура, „позитивните“ пораки мора да бидат такви и кога ги нема. Аналитичарите, поведени до досегашните дејствувања, во предизборието очекуваат уште многу извртувања и лажни вести од владата на заминување.

 

Најнови вести