Со овој амандман се предлага да се изградат и реконструираат повеќе улици, и ова не е список на желби и ние ова не го измисливме сами. Ова се проекти и улици кои што веќе ги содржи програмата „За Модерно Скопје“ кои ние како советника група сме се заложиле пред граѓаните истите да биде реализирани од страна на Град Скопје, рече Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Град Скопје на денешната седница.
Андоновска потенцираше дека лага и манипулација е дека со предлагање на амандманот за изградба и реконструкција на улици во Скопје се блокира Буџетот за 2023 година и работењето на градската куќа, туку напротив се подобрува буџетот.
-Во интерес на јавноста да појаснам бидејќи неколку пати е кажано дека амандманите блокираат, сакам да кажам дека ова е група лага и манипулација. Амандман не може да се поднесе за нешто да се блокира, особено не амандман кој што практично е составен дел од програмата За Модерно Скопје. Па на кој начин ќе блокира? Што е тоа што ќе биде блокирано. Па дајте ве мола, ова ни кај они кои не разбираат некои работи кои не се економисти не поминува вакво нешто. Значи со амандман се подобрува буџетот, и сега нормално да истиот тој амандман ќе повлече дека градот ќе треба некои работи да си ги усогласи во буџетот. Но, тоа е тековна работа. Ви кажале три фрази, технички е неисправен, ќе блокира и повторувајте го тоа десет пати и тоа ќе ви помине. Таа лага ќе стане вистина. Не, нема да ви помине овој пат. Предложениот амандман предвидува изградба и реконструкција кои што ги нема во овој буџет, а ги има дел во програмата. Еве во интерес на јавноста тоа е вистината, додаде таа.
Андоновска објасни дека добиле маил за доставување на проекти, и веднаш после консултација со граѓаните доставиле 98 проекти во интерес на граѓаните на состанокот со Арсовска, укажувајќи дека биле известени дека дел од тие проекти веќе се внесени во Буџетот за 2023 година и токму поради тоа доставиле само 6 амандмани.
-Секој советник доби маил од градоначалничката за да предложи проекти за буџетот. И одма штом го добивме маилот направивме координација, почнавме да одиме на терен,. Да разговараме со граѓаните и собравме 98 проекти кои што во најголем дел се од програмата „За Модерно Скопје.“ Потоа добивме телефонски повик и ни беше кажано дека како координатори сме повикани на разговор кај градоначалничката и јас прашав до кога има рок да ги доставиме овие проекти и дали на состанокот треба да ги носиме. И ми рече а тоа не важно, замислите тоа било проформа, само за да се замајува јавноста. Јас го имам бројот имам и кога ме барал и што ме барал. Немаше ни рок, па која била сериозноста на намерата да бидеме повикани, за само да се каже дека сме биле повикани, праша Андоновска.
-И се случи таа средба која што немаше исход и заклучоци, па потоа следеше уште една средба каде што ни беше образложувано на доставените проекти, а како што спомнав 98 предлози и на тој состанок ни се образложуваше што од ова ќе се прифати, а што не. И покрај тоа што не разбрав јас велам добро ќе ви верувам дека е така дека дел од овие проекти се во буџетот, и јас велам добро еве ние ќе ви веруваме дека се во Буџетот и од 98 готови амандмани ние ќе предложиме од 5 до 10. И предложивме 6, за сега конечно да имаме тука некое обвинување дека ние го кочиме, потенцира Андоновска, и побара од Арсовска да објасни кои точки се прифатени.
Но, советниците на коалицијата СДС, ДУИ и Левица во Град Скопје беа против амандманот на ВМРО ДПМНЕ со кој се предвидува изградба на капитални инфраструктурни проекти.