петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ангеловски: Мерките на владата во доменот на угостителството се донесени во правец на поголеми задолжување на фирмите

Ангеловски: Мерките на владата во доменот на угостителството се донесени во правец на поголеми задолжување на фирмите

Во Отворено студио на телевизија 24 гостуваше претставник на групацијата на угостители Мартин Ангеловски кој зборуваше за тоа како угостителството ќе се извлече од оваа ситуација. Според него угостителството многу тешко ќе се извлече бидејќи досегашните мерки кои што се најавени од страна на Владата сеуште не се објавени во Службен весник.

Имено тој во своето гостување посочи дека во врска со мерките од Владата кои се во доменот на угостителството имаат многу различно толкување на сите уредби кои што се излезени и на кои начини тие ќе се изведуваат.

-Генералниот впечаток кај сите нас, кај сите угостители е дека мерките нема да бидат доволни за ние да можеме да ги заштитиме пред се нашите вработени, а потоа и нашите фирми затоа што ако нема фирма ќе нема ни вработените каде да работат. Најголем дел од овие мерки кои што се донесени се во правец на наше дополнително задолжување кое што на крајот од здравствената криза, а кога ќе почне период на опоравување од економијата нас ќе не донесат во големи долгови, во дополнителни задолжувања и потоа ќе биде уште потешка ситуација за нас. Со други зборови кога една фирма премногу ќе се задолжи повеќе отколку што може да издржи, се знае што следува, а тоа е стечај. После тоа џабе ние сме ги држеле вработените, џабе сме правеле се што можеме да направиме и да дојдеме до сите средства за тоа да го покриеме кога на крајот ако згасне фирмата тие вработени повторно ќе останата без работа, додаде тој.

Најнови вести