Анкетите на социјалните мрежи во текот на дебатата помеѓу Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев, претседател на владата укажуваат на јасна и недвосмислена поддршка на граѓаните за Мицкоски и опозицијата.
На прашањата кој е вашиот фаворит во вечерашниот дуел и кој беше подобар во истиот, граѓаните беа убедливи со своите гласови со поддршка за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Социјалните мрежи беа преполни и со коментари на граѓани, но и експерти кои укажаа на слабиот и блед настап на Заев, како и неговите неаргументирами коментари за економијата.