четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апел за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Мароко

Апел за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Мароко

Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Мароко на 8 септември, предизивика големи разурнувања и за жал загинаа и беа повредени илјадници луѓе. Мароканската Црвена полумесечина реагираше веднаш, обезбедувајќи прва помош и психо – социјална поддршка, помагајќи во транспортот на повредените во болниците, евакуацијата на луѓето од оштетените згради.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената Полумесечина објави Апел за помош во висина од 100 милиони CHF за поддршка на Мароканската Црвена полумесечина во обезбедување на потребите за итно и рано закрепнување на 500.000 погодени луѓе. Приоритетите вклучуваат обезбедување храна и безбедна вода, основни предмети за домаќинство, поддршка во засолниште, здравствени и ментални здравствени услуги и парична помош.

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети, и се вклучува во објавениот Апел на Меѓународната федерација за помош на настраданото население во Мароко.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

-Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Мароко.

-како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

-За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Најнови вести