Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје, вечерва имаше промоција пред граѓаните на Ѓорче Петров.
„Заедно за Скопје одиме на победа, а победата почнува од Ѓорче Петров.
За европско и современо Скопје“ – истакна таа!
Зад нејзината кандидатура застана и ВМРО-ДПМНЕ. На промоцијата таа беше поддржана од највисокото раководство на партијата.