Зоран Заев и СДСМ дрско им се смеат на граѓаните во лице. Празнициве Заеви додека јадеа во златни лажици и виљушки по дома, Зоран Заев успеал да го зголеми бројот на лични советници во Влада и да назначи плус нови од тие што веќе ги имаше.Граѓаните тонат во сиромаштија, а Заев живее луксузен и раскошен живот на грбот на граѓаните и ги троши парите на граѓаните за советници кои никогаш, никаде и ништо ниту го советувале, ниту пак новиве ќе го советуваат, изјави на денешната прес конференција , Димса Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Едноставно се назначени како награда за да земаат дебели плати од приближно 1.000 евра месечно платени од граѓаните. Овие 29 советници, новоназначени шест, кои го советуваат Заев се само непотребен трошок на грбот на граѓаните. Овие 29 квази советници, за кои не знаеме ниту еден паметен совет што му го дале досега на Заев, оние што претходно беа, нормално, годишно граѓаните ги чинат 320.000 евра, а вкупно со надворешните соработници кои што исто така се платени од Владата граѓаните ги чинат 400.000 евра годишно само за советниците на Зоран Заев, вели тој.
Арсовски рече дека само пред неколку месеци беше објавена листата на советници и сите заедно чинеле 240.000 евра, за што и јавно излегле од оваа говорница и говореле и тогаш, а сега сумата се зголемила прилично многу.
– Дрскоста е толку голема што во време на сериозна економска криза и здравствена пандемија, кога над 55.000 луѓе останаа без работа и десетици илјади ученици се надвор од образовниот процес заради немање финансии да следат настава електронски, Заев назначува 29 советници, односно како што реков шест повеќе од претходно. Ако до сега резултатот на советнициве на Зоран Заев бил огромна нула, верувајте сега со новите 6 советници ќе биде во минус под нулата, тврди тој.
– Лица кои не се прославија на министерски и директорски функции изминативе 4 години, Зоран Заев ги назначува за свои советници од едноставна причина да купи мир со парите на граѓаните. Факт е дека ниту поранешните министри Едмонд Адеми и Аксел Ахмедовски, ниту пак Љубе Бошковски, ниту пак поранешните директори од храна и ветеринарство и од Македонски шуми немаа до сега никаков успех на своите позиции, а нема да имаат ниту сега како советници, бидејќи да знаеле и да имале познавања за своите функции веќе ќе го применеле на министерските и директорските позиции, посочи Арсовски.
– Очигледно, наместо овие 400.000 евра да одат за советници кои немаат никаков успех, можеа да се пренаменат за инвестиции онаму каде што е најпотребно, а тоа е во здравството, за помош на стопанството, за отворање нови вработувања, за инвестиции во образованието. Но, поважно му е на Заев да ги даде парите на неговите блиски и да ги троши како непродуктивни трошоци за советници кои како што реков никогаш, никаде и ништо ниту го советувале, ниту пак ќе го советуваат во наредниот период, додаде тој.