петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Дали Заев од странски инвеститор побарал едно евро за Вицето, едно за црквата?

Арсовски: Дали Заев од странски инвеститор побарал едно евро за Вицето, едно за црквата?

Говорејќи на темата привлекување на странски инвестиции во државата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја потсети јавноста на скандалот и видео снимката на која Зоран Заев бара мито од 200 илјади евра од струмички бизнисмен.

Тој спомена странска инвестиција чие име не сакаше да го открие, која била заинтересирана да инвестира во Струмица во периодот кога градоначалниката функција ја обавувал Зоран Заев.

Арсовски забележа дека компанијата не инвестирала во Струмица туку во Кочани, поради непристоен предлог кој инвеститорот го добил токму од Зоран Заев.

 -Пред неколку години доаѓаат инвеститори од странство, не би откривал која компанија е, за волја на вистината одат да преговараат, им се допаднала некоја парцела, површина во вашата општина Струмица каде што беше градоначалник Зоран Заев. После само неколку денови истата таа компанија одлучува да оди да инвестира во Кочани. Зошто?;  Сакате да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ го тераше Зоран Заев да се заканува на инвеститор кој што доаѓа да инвестира кај него и вика ќе донесеш едно евро за Вицето, едно евро за црквата. Тоа ли е принципот за привлекување на странски инвестиции, запраша Арсовски.

Најнови вести