недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Институциите под Заев трет ден молчат за претепувањето и обидот за убиство во Струмица

Арсовски: Институциите под Заев трет ден молчат за претепувањето и обидот за убиство во Струмица

Во Македонија не се знае кој е криминалец, а кој е власт. Институциите под Заев трет ден молчат за претепувањето и обидот за убиство во Струмица, изјави Димче Арсовски во денешниот коментар на денот.

– МВР и Јавното обвинителство веќе трет ден молчат за крвничкото претепување кое се случи сред бел ден во центарот на Струмица, кога група насилници блиски до СДСМ нападнаа човек. Власта на Заев со ова покажува дека ги закрвавила веќе рацете. Самата жртва посочи кои се сторителите, дека имало обид за убиство од обезбедувањето на Зоран Заев, дека полицијата не интервенирала и пак нема никаква реакција на службите.
Очигледно ако ваквиот скандал не беше снимен, јавноста немаше никогаш да дознае и ќе беше заташкан за многу брзо, рече тој.

Арсовски прашува зошто институциите се уште ги немаат фатено насилниците кои се дел од обезбедувањето на Заев, за што има и јавно сведоштво? Дали треба да убијат некого на струмичките улици за да реагираат или може и тогаш ќе се обидат да го заташкаат случајот?

– Насилството владее со улиците, а криминалците се први пајташи со власта. Конекцијата е јасна, криминалците и требаат на власта за заплашување на народот и за избори, а власта им треба на криминалците за покривање на нивните злодела кои што ги прават. Впрочем во Македонија веќе не се ни знае кој е криминалец, а кој власт, додаде тој.

Најнови вести