недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Кои се луѓето за кои Заев лично ургирал да бидат пропуштени во време на полициски час и што превезувале?

Арсовски: Кои се луѓето за кои Заев лично ургирал да бидат пропуштени во време на полициски час и што превезувале?

МВР цел ден молчи за петте патнички возила што поминале ноќеска на граничниот премин Деве Баир, во време на полициски час, кога преминот на граница е забранет за возила, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според службената белешка што ја објавија медиумите јасно се гледа дека во еден часот по полноќ поминале пет патнички возила и тоа по насока лично на Зоран Заев. Тука има неколку дилеми и одговори кои треба да ги даде Зоран Заев и Владата. Со кое право и ингиренции Заев лично се јавува да се пропуштат патнички возила на граница во време на полициски час? Кај кого интервенирал Заев и кој е тој службеник што ги прескокнал работните протоколи и го послушал премиерот кој не смее да издава вакви наредба, како што и не смее вработениот на граница да прима вакви наредби од премиер, посочува Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ прашува: „Што превезувале тие пет патнички возила и кои се луѓето за кои Зоран Заев лично ургирал да бидат пропуштени ноќеска? Дали ова е уште еден потенцијален шверц, кој се обидува да го одмолчи и сокрие МВР?

-Заташкувањето на ваков случај е само потврда дека власта се обидува да сокрие нешто, а лично за тоа е одговорен Зоран Заев. Кршењето на законите не е ништо ново ниту за Заев, ниту пак за власта, вели тој.

Најнови вести