Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ каде што посочи дека првата седница на владата се одржа во Тетово, каде што се одлучи да се дадат енормни пари на еден бизнисмен за кој што се слушаше по бомбите.
-Дака Давидовиќ како што слушавме по бомбите дал мито токму кај Генералниот секретар на Владата и кај Зоран Заев, тоа сите го слушавме. Колку и илјадници евра да дал мито Дака, видовме дека му се исплатиле на Зоран Заев и веднаш по изборите се изгласа одлука каде што ќе може да се инвестира од страна на истиот бизнисмен во Тетово, проект вреден 200 милиони евра. Па замислете по завршена работа колку пари ќе земат истите тие луѓе од Владата, истакна Арсовски.
Арсовски посочи дека додека СДСМ се фали дека ќе носат четврт сет на мерки, сеуште не е спроведен третиот сет на мерки. Како пример е мерката „Викенд без ДДВ“, од таа мерка се уште нема трага.
-Наместо СДСМ да помогне ја искористи корона кризата да се задолжи плус една милијарда евра и еве не знаеме каде се тие пари. Милијарда евра кои што беа задолжени, бидејќи СДСМ ги убедуваше граѓаните треба да се задолжи државата, се задолжи, министерката се задолжи Нина Ангеловска иако веќе не е министер си ја заврши работата и беше подоцна сменета. Значи единствено СДСМ што направи во овие месеци додека трае корона криза наместо да помогнат на граѓаните, државата уште повеќе ја потонаа, нагласи Арсовски.