четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Атанасовски ниту бил, ниту е ангажиран како советник на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски“

„Атанасовски ниту бил, ниту е ангажиран како советник на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски“

Република Македонија се соочува со најцрниот период од осамостојувањето кога целиот безбедносен и судски систем се ставени во улога само и само за спроведување политички монтирани и мотивирани процеси, на штета на безбедноста на државата и особено на правото и правдата. Во време кога со државата владее криминогена власт, а државата се завива во црно заради мафијашки пресметки на улиците, СДСМ спроведува класичен политички прогон преку пласирање на лажни информации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владимир Атанасовски ниту бил ниту е ангажиран како советник на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски. Информацијата дека Атанасовски е дел од советниците на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме за тенденциозна инсинуација и намерно нанесување на штета на новото раководство на партијата и претседателот г. Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека во Република Македонија се одвиваат политички мотивирани и инструирани судски процеси кои немаат врска со правото и правдата, а кои судскиот систем го доведуваат до апсурдности кои се одвиваат до недоглед. Токму заради тоа ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија, стои во реакцијата и се додава:

„И политичките судски процеси и политичките приведувања, како и пласирањата на лажни информации имаат за цел да ја дезавуираат јавноста од безбедносните проблеми и прашања, како и од реалните проблеми кои оваа мрачна криминогена власт ги нанесува врз граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ бара јавно извинување од СДСМ и од портпаролот Костадин Костадинов заради пласирање и објавување на неточна информација. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и е достапна за медиумите да одговори на било кое прашање во и од интерес на јавноста“.

Најнови вести