среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, запрени на „Табановце“

Автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, запрени на „Табановце“

На 22 и 23.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.

-При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(40) од с.Мојанци, општина Арачиново и автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(37) од Тетово било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, информира МВР.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Најнови вести