четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Азири: ДУИ е главниот виновник поради кој се кочи изборниот законик

Азири: ДУИ е главниот виновник поради кој се кочи изборниот законик

Елми Азири, пратеник од Алијанса на Албанците во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“, посочи дека ДУИ како политичка партија е главниот виновник кој не се согласува за да постои фингерпринтот и го кочи изборниот законик.

-ДУИ е на власт не како резултат на гласовите кои ги добива од граѓаните, туку како резултат на манипулациите кои ги прави на изборните денови. Еве пример, вие знаете дека се работи на изборниот модел сега. Фингерпринтот дури и поодамна е во законот за избори, сега во новиот изборен модел единствена политичка партија која кочи, која не се согласува со фингерпринт е ДУИ. Дури според законот, отпечатоците на прсти требаше да се употребуваат и на предвремените локални избори во Пласница и во Долнени, но не се употребија, они со ова го прекршија законот. И до ден денска поради нивното кочење на законот сеуште нема договор помеѓу политичките парии, рече Азири во своето гостување.

Најнови вести