Навивачката група на тетовскиот клуб Шкендија – Балисти, позната по честите антимакедонски навивања и инциденти, стана промотор на Македонија.
Со државни пари, преку Министерството за култура, на Балистите им беше финансиски поддржан дел од проектот „Запознајте ја Македонија“, со кој се цели јавноста да се запознае со спортскиот живот во Тетово, особено со клубот Шкендија и нивните навивачи.
Со оглед на честите инциденти предизвикани токму од оваа тетовска навивачка група, како што се провокациите кон сопствениците и гостите на македонските угостителски објекти во градот под Шара, пеењето навивачки песни во кои се величи Голема Албанија, но и сквернавењето на државниот симбол – македонското знаме, се поставува прашањето кои се критериумите за добивање средства од Министерството предводено од Асаф Адеми, за колкава сума на пари станува збор и дали при доделувањето на средствата се земени предвид антимакедонските изблици на Балистите?
За клубот Шкендија, навива и премиерот Зоран Заев, па јасно е зошто неговата Влада издвои голема сума на пари за овој клуб и неговите навивачи кои постојано плукаат по македонскиот народ и државните обележја.
Од друга страна, навивачите на Вардар-Комитите, никогаш не добиле нешто слично. Имено, ако некој може и треба да ја промовира Македонија во однос на навивачки клубови, тоа се дефинитивно Комитите. Наместо пари како Балистите, Комитите добиваат полициски прогон и протести со навредлива содржина за нив.
Јавноста е потресена од крвничкото убиство на младиот Никола Саздовски-Саздо кој беше член на Комитите. Беше убиен среде Скопје, а властите долго време молчеа за сторителите на ова дело.