Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека надлежностите за езерото Треска не ѝ ги предал на Општина Сарај, туку дека тоа го сторил неговиот претходник Коце Трајановски.
Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, пак, во изјава за ТВ21 вели дека езерото било уништено додека било под надлежност на Град Скопје.
– Не е на нивно да дискутираат за надлежностите зошто им се дадени на Општина Сарај. Тие можат политички да го третираат тоа, но езерото Треска се наоѓа во Општина Сарај. Со години е уништувано. Од моментот кога го преземавме менаџирањето на езерото Треска, денес се зборува до каде сме стигнале со проекти, тоа е најдобар доказ дека одлуката била исправна – истакна Беџети.
Тој додава дека наскоро се очекува да се усвои и детален урбанистички план за езерото.