понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бекир Асани се врати на местото на злосторството- со исто возило на исто место (ФОТО+ВИДЕО)

Бекир Асани се врати на местото на злосторството- со исто возило на исто место (ФОТО+ВИДЕО)

Бекир Асани, поранешниот претседател на општинската организација на ДУИ во Чаир, повторно го паркирал своето возило на истото место каде што при обид пајак-служба да го крене возилото, пајакот ја повреди полицајката. Читатели на „Република“ испратија видео и фотографија, тврдејќи дека Асани е повторно на местото на злосторството- со истото возило на истото место.

Дали овојпат полицијата ќе реагира?! Дали и вечерва пајакот ќе биде победникот, Асани ќе помине без казна, а полицијата со повреда од пајакот?! Ќе реагира ли вечерва полицијата самоволието на членот на ДУИ, кому очигледно никој ништо не му може, па дури ни опасниот пајак?!

Извор: Република

Најнови вести