Движењето Беса предводено од Билал Касами во преговорите за влез во Владата на премиерот Зоран Заев побарало да предводи еден од министерските ресори.
Пратеникот Фадил Зендели денеска кажа дека на средбата што се одржала во понеделникот вечерта Касами и Заев зборувале за влез на ова крило на Беса во Владата, како и оти на средбата било посочено дека тие се заинтересирани да раководат со едно министерско место со ресор. Допрва неделава треба да следува нова средба на која, според него, треба да се разговара за ресорите и за евентуалните имиња.
Премиерот Заев за претстојната владина реконструкција вчера на прес конференција информира дека привршуваат разговорите со потенцијално новите владини партнери. Тој, како што кажа, завчера имал средба со раководството на БЕСА, но и со крилото од оваа партија предводено од Африм Гаши, како и со ДПА, а предвидени биле и дополнителни консултации.
– Ако успееме да ги номинираме предлозите, телата на партиите ќе треба да донесат одлуки, подвлече премиерот Заев.
Официјални информации за преговорите се уште нема.
МИА