среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Беса: Заев да се извини за изјавата за косовската војска

Беса: Заев да се извини за изјавата за косовската војска

Изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека формирањето на војска на Косово е избрзано ги налути партиите на Албанците во Македонија.

Од Алијансата на Албанците на Зијадин Села му порача на Заев да го гледа својот двор и да ги спроведе потребните реформи во Македонија и да не се меша во внатрешната политика на државата на Косово, пренесува CivilMedia..

Беса на Билал Касами, „ бара од премиерот на земјата да се дистанцира од оваа скандалозна изјава и да бара јавно извинување, кога се знае дека формирањето на војската на Косово ја има и силната поддршка од САД.

Неговата изјава го одразува вистинското лице на „мултиетничката“, Македонија, ги прави да се чувствуваат навредени и Албанците на оваа земја, кои му дадоа полн мандат за да владее, а не за да зборува глупости и национал-комунистички варваризми“ – се вели во реакцијата на партијата на Билал Касами.

Најнови вести