петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бесплатни прегледи и консултации на ГАК по повод Светскиот ден на менопауза

Бесплатни прегледи и консултации на ГАК по повод Светскиот ден на менопауза

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје по повод 18 Октомври – Светскиот ден на менопаузата, ќе се спроведе недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза.

– Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај пациентките, да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично, соопштија од ГАК.

Секоја година во светски рамки се одбележува овој ден на различен начин – со предавања, трибини, советувања, превентивни прегледи и со дружби.

Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените. Годинава, фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза).

Најнови вести