петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Безобразие- Заев се шета во Кочани со Царовска која има хациенда вредна милиони на Пониква, додека оризарите немаат за леб“

„Безобразие- Заев се шета во Кочани со Царовска која има хациенда вредна милиони на Пониква, додека оризарите немаат за леб“

Безобразие е Заев да се шета во Кочани со Царовска која има хациенда вредна милиони на Пониква, додека оризарите немаат за леб.

Хациендата на Царовска е вредна неколку милиони денари, врвот на власта се капе во луксуз, а оризарите не можат да ја продадат оризовата арпа ниту по мизерни 15 денари.

Заев ги лаже 5 години оризарите. Пред 5 години ветуваше откуп на оризовата арпа по цена од 25 денари и белиот ориз за 50 денари. Денес и оризовата арпа и оризот се откупуваат по двојно пониски цени од ветеното.

Срамота е што Заев ги залажува оризарите си 3 денари. Заев треба да изнајде механизам и да ја обезбеди цената од 25 денари за оризова арпа, како што ветуваше, а тоа е и цена по која ќе биде реално исплатливо производството и одгледувањето ориз.

Заев 5 години не се појавил помеѓу оризарите, а сега отиде со лаги да ги замајува, тоа не поминува веќе.

Најнови вести