На повеќе локации во Скопје осамнаа билборди со содржина која речиси им е позната на сите граѓани на нашата земја.
Имено на билбордите пишува дека „Заев не задолжи 2 милијарди евра. Можете ли да се сетите барем на еден видлив проект кој го направи?“.
Инаку минатата недела и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук напиша што се ветил, но не исполнил Заев пред граѓаните.
-Пред повеќе од една година Заев вети нов инвестициски пакет од 5 милијарди евра.
Епилогот по година дена е:
❌долг од плус 2 милијарди евра.
❌секое семејство задолжено за нови 4 илјади евра
❌за само 9 месеци пад на индустриското производство од 12.1%
❌за 4.7% намален бројот на работници во индустријата
❌до крајот на годината се очекува пад на БДП поголем од 5%
Парите се потрошија, народот не памети ниту еден проект.
Новиот инвестициски пакет кој Заев го вети е реален колку што се реални:
❌инвестициите на Google и Facebook,
❌колку 5те инвестиции кои ги најави за септември,
❌колку решенијата за Еурокомпозит и Колска,
❌колку 700 км автопатишта,
❌колку странската инвестиција за фабрика за отпад во Дрисла,
❌колку клиничкиот центар кој требаше да биде готов…
Значи ништо од ова!
Некои од власта лажат повремено, само Заев постојано, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Пред повеќе од една година Заев вети нов инвестициски пакет од 5 милијарди евра.
Епилогот по година дена е:
❌долг од…Posted by Hristijan Mickoski on Monday, November 2, 2020
По поставените билборди се обративме и до ВМРО-ДПМНЕ од каде портпаролот Наум Стоилковски ни изјави дека паријата стои зад билборд кампањата.
-Да ВМРО-ДПМНЕ стои зад билборд кампањата која ја отсликува реалноста која ни ја донесе Заев, а тоа се 2 милијарди долг, 40 илјади невработени, над илјада мртви од коронавирусот, пропадната банка во скандал тежок 200 милиони и уште многу друг хаос кој секојдневно го живееме, вели Стоилковски.