Време е Битола да му возврати на Скопје за помошта околу превозот на учениците, се шегуваат битолчани на социјалните мрежи.
-Би било етички и морално исправно да му возвратиме на Шилегов во овие тешки моменти за Скопје на ист начин како што тој ни излезе во пресрет со автобусите за учениците и да им го пратиме нашиов сограѓанин со соодветната механизација што е на сликата. Се надевам предлого ќе стигни до советниците на Општина Битола и истиот ќе биди прифатен.