понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

БЛОКАДИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Остануваме тука за да спречиме уште еден нов национален срам кој ќе значи погибие на македонската историја и култура

БЛОКАДИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Остануваме тука за да спречиме уште еден нов национален срам кој ќе значи погибие на македонската историја и култура

ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со протестите. Нов е најавен и за утре од 17:00 часот пред МНР во Скопје.

На седницата на Извршниот комитет одржана викендов во Битола, донесена е одлука за продолжување на протестите, поради како што информираат од партијата, спречување на националниот срам кој и се подготвува на Македонија од страна на Зоран Заев и неговите соработници.

На денешниот протест пред МНР, како и на сите претходни присуствуваше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

-Ние остануваме тука за да се спротивставиме на овие погубни политики и да спречиме уште еден нов македонски национален срам, срам кој ќе значи погибие на македонската историја, македонската култура и мешање во македонските учебници по историја. Тоа е наше богатство, наша сопственост и Зоран Заев нема апсолутно никакво право сам да одлучува за вакви круцијални прашања кои се однесуваат на Република Македонија, вели Мицкоски.

Најнови вести