четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бочварски: Признавам дека не беше промашена трасата на патот Кичево-Охрид

Бочварски: Признавам дека не беше промашена трасата на патот Кичево-Охрид

Во вчерашната емисија „24 Анализа“ гостуваше Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски. Тој кажа дека трасата на патот Кичево- Охрид не била промашена.

– Од друга страна за Кичево Охрид , да се согласувам дека не била промашена трасата можеби тоа е терминологија која што се употребуваше и не од СДСМ туку и од граѓаните и од медиумите можеби била превземена од некои од СДСМ .

Инаку, во медиумите владејачката гарнитура на СДСМ континуирано укажуваа дека изградбата на патот Кичево – Охрид доцни и дека не може да се продолжи со работа токму поради промашена траса. Имено и премиерот Зоран Заев лично од собраниска говорница тврдеше дека владата не може да продолжи со изградба на патот заради грешка во трасата.

„Не може бандитските работи на автопатите криминално да ги продолжиме заради тоа што мора да знаат граѓаните дека цела траса е промашена на патот Охрид – Кичево, проектот и она што е вистинската траса. Не може да не знаат граѓаните дека тоа што претставува нерешени имотно – правни односи заради провизијата, брзајќи да се реализира нанесува огромни штети врз Република Македонија и врз буџетот на граѓаните на Република Македонија.“ – изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

Најнови вести