недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Богдановиќ го преспа цел мандат, па пред избори најавува куп проекти“ – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

„Богдановиќ го преспа цел мандат, па пред избори најавува куп проекти“ – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот Саша Богдановиќ во последниот период се пуштил на најјако. Откако речиси го преспа целиот мандат во последните 20 дена најави еден куп проекти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Центар.

-Така Богдановиќ распиша реконструкција на фасади, набавка на 3 специјални возила за комунални работи, и градежна офанзива на дури 14 улици.  Иако во целиот мандат не успеа ништо од ова да изреализира, затоа на 5 месеци од локалните избори решен е да се фати за работа.  Во меѓувреме почна со реконструкција на Орце Николов, а најави реконструкција на Ленинова ( од клуб на пратеници ) до Зегин и Народен Фронт, велат од партијата.

Тие порачуваат: „Градоначалникот Богдановиќ е влезен во тежок популизам, а центарци се доволно паметени и мудри да го препознаат и казнат ова“.

 

Најнови вести