сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бојан Јовановски во Обвинителство ќе раскаже како парите од рекетот завршиле кај Вице и Зоран Заеви

Бојан Јовановски во Обвинителство ќе раскаже како парите од рекетот завршиле кај Вице и Зоран Заеви

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 кој неодамна доби затворска казна од девет години за случајот „Рекет“ денеска во Основното јавно обвинителство даде исказ на негово  барање.

Боки 13 беше осуден минатата недела заедно со екс-специјалната обвинителка Катица Јанева која доби седум години затвор.

Тој на изрекувањето на пресудата јавно порача дека парите од рекетот треба да се бараат кај Вице и Зоран Заеви.

Канал 5 објави дека Боки 13 ќе поднесе неколку кривични пријави за злоупотреба, измама и несовесно лекување.

Кога Јовановски влезе во Обвинителство, изјава даде неговиот адвокат Сашо Дуковски.

-Јовановски ќе поднесе кривични пријави, ќе го користи законското право од член 273 од Законот за кривична постапка. Кривичните пријави ќе бидат поднесени за најмалку неколку кривични дела и тоа за злоупотреба на службена положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, можеби тортура, несовесно лекување… Баравме неколку пати да поднесеме кривична пријава кај Републичкиот обвинител, сега поднесовме во ОЈО. Од кај Републичкиот обвинител ни беше делегиран заменик на обвинителката што го гони. Тој одби да поднесе записник на кривична пријава, рече адвокатот.

 

Најнови вести