вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

БОРБАТА ЗА ВОДА НЕ ПРЕСТАНУВА: Водовод ги обвини граѓаните дека лажат, вработените на страната на жителите за реалниот проблем (ФОТО)

БОРБАТА ЗА ВОДА НЕ ПРЕСТАНУВА: Водовод ги обвини граѓаните дека лажат, вработените на страната на жителите за реалниот проблем (ФОТО)

За Јавното претпријатие Водовод населбата Нерези, особено улицата Козле 3 како да не постои.

Откако граѓаните три дена за време на полицискиот час беа оставени без вода за пиење се до вчера, денеска тие се револтирани поради дрската лага на ова претпријатие во медиумите.

Имено жителите на ова населено место до редакцијата на КУРИР доставија жалба во која се вели дека Водовод наместо да молчи за дрскиот однос и тортурата која ја правело врз овие луѓе, тие во своја одбрана велат дека НЕ добиле никаква пријава дека жителите на Козле 3 и Нерези останале без вода.

Имено на официјалната Фејсбук страница Водовод објави дека тие излегле во пресрет на барањата на жителите на Жданец и Трнодол, додека никаде не го спомнуваат Нерези.

Тие во својот пост пишуваат дека во овие две населби имало и цистерна со питка вода никаде не споменувајќи го Нерези, за подоцна во демантот го додадат и ова населено место каде граѓаните тврдат дека немало цистерна која поминувала.

Тие исто така го заборавија Нерези потенцирајќи дека без вода за пиење ќе останат населбите Жданец и Трнодол.

„Од ЈП Водовод и Канализација  известуваат дека на ден 06.06.2020година (сабота), поради уличен дефект „промена на затворач“ со пречник Ф-100мм на ул.Жданец б.б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од нас.Жданец и Трнодол во време од 08:00ч до завршување на интервенцијата. (Општина Карпош).“, стоеше во нивното соопштение до јавноста во петокот доцна вечерта.

КУРИР веднаш истата вечер ги информираше граѓаните дека овие две населби ќе останат без вода наредниот ден, откако Нерези и во петокот целиот ден беше без вода за пиење.

Водовод го заборави Нерези и улицата Козле 3 исто така кога објави дека е саниран дефектот, додека во демантот објавен до медиумите стои и населеното место Нерези.

 

Сепак од Водовод во својот демант вчера тие експресно го додадоа и населеното место Нерези правдајќи се дека ги информирале граѓаните дека ќе останат без водоснабдување.

Жителите вчера како знак на револт при контакт со контакт центарот на Водовод вработените им потврдиле дека тие доставиле пријава уште на 4 јуни, додека во друг разговор тие исто така потврдиле дека немало никаква цистерна и дека тоа било лага.

Сепак граѓаните велат дека оваа „борба“ за вода нема да престане тука, бидејќи овој проблем веќе го трпат 30 години, а особено чашата ја прели 80 часовниот карантин во кој дури три дена останаа без вода.

ВИКЕНД КАРАНТИН БЕЗ ВОДА- жителите на Нерези останаа жедни

Во сред пандемија, жителите на средно Нерези трпат за вода. Во 80 часовен карантин, оставени се без најнеопходниот услов за живот. Вода нема ниту за пиење, ниту за капење. Помош барале повеќе пати до сега, но без успех, објавува Сител.

Најнови вести