четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борисов му ја плесна вистината в лице на Заев: Нашите ве лажат и вас и ЕУ дека не можат ништо да направат (ВИДЕО)

Борисов му ја плесна вистината в лице на Заев: Нашите ве лажат и вас и ЕУ дека не можат ништо да направат (ВИДЕО)

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, беше првиот човек со кој се виде македонскиот премиер Зоран Заев по доаѓањето во Софија.

Човекот кој го потпиша Договорот за добрососедство беше директен: „Ништо да не очекувате од сегашната бугарска власт. Лажат!“.

– Сегашната техничка влада ги има сите права и може да преговара со вас. Нов договор, ако нашиот не им се допаѓа. Но, ќе избегаат од одговорност како што секогаш прават. Истовремено ги лажат евроатлантските партнери, дека се за членство на Северна Македонија во ЕУ – рече Борисов.

Борисов му го кажа во лице тоа што Заев и целата македонска и бугарска јавност го прочита во неговата вчерашна изјава.

– Доколку не пронајдеме решение, генерации и генерации Бугари и Македони ќе се мразат. Претпоставувам дека и канцеларијата на претседателот Радев ќе дефинира одлуката за евроинтеграции да биде оставена на следната влада – изјави Борисов.

Најнови вести