Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски денеска изјави дека многу скоро ќе се реши ситуацијата со специјализантите по медицина кои упатија отворено писмо до премиерот да им биде исплаќан надоместок.
– Во однос на ова се работи за нови специјализанти од март 2018, тоа е пред само месец и половина. За нив ќе биде или истото решение како претходно или дел од нив ќе бидат вработени. Многу наскоро нивната ситуација ќе биде целосно решена и тие се информирани, рече Бошњаковски.
Лани во септември Владата донесе одлука за специјализантите од минатата година и тие го добија надоместокот.