Пратеникот од редовите на ДУИ, Бранко Манојловски, тврди дека министерката за одбрана Радмила Шеќеринска има албанско потекло, односно дека нејзината прабаба која по потекло е од Горна Река, била Албанка.
Во интервјуто со Васко Ефтов, пратеникот на ДУИ, Манојловски, излезе со теза дека населението во целиот Рекански регион било македонизирано со векови и дека сите тие се по потекло Aлбанци со православна вероисповед.
Вешто избегнувајќи го одговорот на прашањето на Ефтов во повеќе наврати сепак на крајот одговори на прашањето „Дали прабаба и на госпоѓата Р.Ш. била Албанка?“ , Манојловски вели „Апсолутно, сите се тие Албанци од Горна Река“ .
Картите на поделена Македонија се секојдневие во медиумите од соседството, а пак тезата дека во денешна Македонија живее словенизирано албанско население во источниот дел и бугарско население во западниот дел од Македонија, се основа на владините политики.
Односно, со законот за јазиците се албанизира македонското население од источна Македонија, а со договорот за добрососедство со Бугарија целата историја на Македонија стана дел од бугарската заедничка историја со што македонскиот народ стана бугарски.
Владата предводена од СДСМ македонските национални интереси ги има целосно заборавено и сево ова е последица на штетната надворешна како и внатрешна политика која ја води владата.