понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Братот на Азири го прашува Спасовски: Дали Заев ќе биде спроведен во судот за да даде изјава каква што им соопштил на семејствата во неговиот кабинет?

Братот на Азири го прашува Спасовски: Дали Заев ќе биде спроведен во судот за да даде изјава каква што им соопштил на семејствата во неговиот кабинет?

Бејди Ајдари, брат на обвинетиот Фејзи Азири во случајот „Монструм“ побара од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, премиерот Зоран Заев стражано да биде спроведен во суд, за да даде изјава каква што им соопштил на семејствата на трагично загинатите кај Смилковско езеро.

– Господине министер, ако исполнувате желби, Горан Наќевски (еден од родителтите на трагично загинатите кај Смилковско езеро на 12 април 2012 год.) имаше една желба која беше јавна и искажана во судско рочиште во случајот „Монструм“, иако немаше рочиште бидејќи беше одложена по позната причина. Цитирам: „Барам премиерот Зоран Заев стражарно да биде спроведен во суд за да даде изјава онаква каква им соопштил на семејствата во неговиот кабинет“, така што сите ќе знаеме што им соопштил вашиот и наш премиер во овој случај, напиша Ајдари на својот Фејсбук профил.

Според него, симптоматично е што било соопштено дека Фејзи Азири бил преведен, а не стражарно обезбеден бидејќи тој не избегал од затворот, туку бил е пуштен на прекин од надлежните органи.

-Точно е дека Фејзи Азири не се вратил во рокот кој бил пропишан во Решението, но пред да му истече рокот за прекин, Азири бил хоспитализиран во болница, го известил телефонски директорот на Штипскиот затвор и истиот законски побарал да му се продолжи прекинот заради сериозноста на болеста која што ја добил баш во тие затвори, каде што условите за издржување на казни многу добро ви се познати, вели Ајдари.

Посочува дека за статусот на Ајдари се уште нема правосилно решение, па според него е смешно што тој се водел како бегалец.

-Знаејќи ја процедурата, судијата за извршување на санкции не издал наредба за приведување бидејќи процедурата е во жалбена постапка во законскиот рок и по однос на тоа се уште нема одлука. Одлуката ќе се почитува без разлика дали Фејзи Азири ќе биде стражарно обезбеден или не, напиша Ајдари.

Најнови вести