Братот на новинарот Сашо Ордановски кој доби огромни финансиски средства од Фондот за иновации за контроверзен проект на празникот Божик се потсмева на тие што го слават Христовото раѓање, пишува Експрес.мк.
Во пост на Твитер Ванчо Ордановски наверојатно со цел да испровоцира реакции намерно Господ го нарекува “ГоспоТ” и прави шеги и на сметка на Христос.
“Во Австралија паднал дожд.
Госпот ги видел вашите пиететни обреди за Божик, вашето рисјанско в’тење в’тење в’тење лепче, пеењето безобразни песни покрај огновите, и се смилувал…
Литл бејби џисз и литл бејби Јода се задоволни”, пишува Ванчо Ордановски на ден Божик кога најголемиот дел од Македонците го слават еден од најважните христијански празници.
Еден од тие што ставил “лајк” на навредливиот статус е Џабир Дерала уредник на два медиуми кои ја бранат СДСМ.
Да се биде атеист и да не се слават верски празници е право на секој човек но да се тера мајтап со религиските уверувања и празнувања на други луѓе е чист говор на омраза и обид да се издејствува поделби меѓу луѓето, се вели во некои од коментарите за статусот на братот на Сашо Ордановски.
Некои од коментаторите пак велат дека провокациите на Ванчо Ордановски се намерно направени за да создаде контекст за одбрана кога ќе започне истрагата за парите добиени од Фондот за иновации.
Според повеќе извори меѓу десетината проекти кои ќе ги истражува новиот министер за внатрешни работи во Фондот е и контроверзниот проект на Ордановски за кој постои сомневање дека е копиран од индиска фирма.