четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Брзо зголемување на водостојот на Лепенец, можно е излевање

Брзо зголемување на водостојот на Лепенец, можно е излевање

Доста влажна и нестабилна воздушна маса моментално се наоѓа над сливното подрачје на реката Лепенец, посочуваат најновите синоптички прогнози и согледувањата од радарските слики, соопшти УХМР.

Во наредниот период се очекува брзо зголемување на водостојот на р.Лепенец, како и на сите суводолици во границите на неговиот речен слив.

Од УХМР предупредуваат на внимателноост и претпазливо движење покрај суводолиците и помалите реки во сливот на реката Лепенец каде се можни и спорадични локални излевања во наредниот период. 

Најнови вести