Екс премиерот и универзитетски професор Владо Бучковски смета дека владата и премиерот Зоран Заев не посветиле доволно внимание за лобирање кај францускиот претседател Емануел Макрон за добивање на датум за почеток на Република Македонија со Европската унија, односно како што рече тој премалку се две средби од страна на Заев со Макрон, едната во Софија, а другата во Берлин изминатите 15 односно 16 месеци.
-Не доволно ние посветивме внимание како држава и општество на сето она што стигаше како сигнал од Франција изминатите 15, односно 16 месеци. Премалку се две средби што ги имаше на највисоко ниво нашиот премиер на владата, една средба во Софија со Макрон, па оваа година во април заедничка средба беше во Берлин, кога мислев дека се договара на јунскиот сами датум за преговор, вели Бучковски при гостување во емисијата Отворено на ТВ 24.